Протетика

Специјалистичка дисциплина во стоматологијата која е прилично атрактивна и привлечна како за пациентите, така и за самите терапевти, бидејќи овозможува репарирање на оштетените заби, како и надополнување на беззабите простори (парцијални или тотални), за релативно краток временски интервал и со прилично прифатливи економски издатоци, секако компарирајќи ја со често сложените и долготрајни хируршки процедури.

Што е протетика?

Протетиката претставува специјалност која е доста динамична во смисла на технички, технолошки и методолошки иновации кои се случуваат драматично брзо. Тоа е посебен предизвик за нас Стоматолозите кои ја практикуваат оваа стоматолошка дисциплина, кој изискува постојано следење на сите овие светски иновации, надоградување на нашето знаење и методологија на работа, како и постојано инвестирање во технолошките надградби  за подобрување на квалитетот на финалната протетска изработка од биолошки, механички, а секако и естетски аспект. И сето ова претставува  само половина од условите за добивање на идеална изработка. Неразделни партнери во испораката на едно протетско индивидуализирано ремек дело, секако представува и забната техника.

Долгогодишното искуство и соработката со забните техники, нас не прави први и објективни критичари, за сите заботехнички фази во изработката. Техниките со кои соработува нашата поликлиника се високо софистицирани лаборатории со мултимилионски инвестиции во опрема која ја следи дигиталната ера, а која ја прави завршната изработка вистинско уметничко дело. Проткаено со фази, каде вештите раце на нашите техничари го даваат индивидуалниот креативен момент на заживување на изработката, понатаму прекрасниот момент на играње со транслуминацијата (пропуштање или блокирање на светлината), на крај ќе се заклучи дека станува збор на една суптилна и многу деликатна индивидуализирана уметност,  која внесена во устата на пациентот за кој се изработува, ја облагородува лицевата естетика, дава максимален функционален комфорт, фонетска благосостојба и секако целокупна животна трансформација.

 

Услугите кои ги нудиме како што претходно споменавме се во склад со сите светски стандарди и стоматологија базирана  на докази (evidence base dentistry), во сите фази од изработувањето:

  • Клиничка фаза – конзервативна, пародонтална, хируршка припрема, препарација (стругање) на забите, одпечатување;
  • Техничка фаза

Улогата на протетските надоместоци е да се воспостави функционална, фонетска и естетска реконструкција на оштетените заби и забите кои недостасуваат како и рехабилитација на комплетното постоечко забало, како и рехабилитација на проблемите со виличниот зглоб.

Тоа се постигнува со фиксни и мобилни прететски конструкции во зависност од анатомските услови, пародонталното здравје, бројната состојба на преостанатите заби, како и од финансискиот момент кој често влијае во однос на изборот на одредена услуга.

Соодветната дијагностика, води до изработка на индивидуализиран план на терапија за пациентот. Овој план детално и темелно го презентираме, а потоа согласно сите критериуми кои влијаат во изборот на соодветниот план на терапија, се носи заедничка одлука која е најдобро решение за соодветниот случај и најприфатливо за пациентот.

Постои цела палета на протетски реконструкции: коронки, мостови конструкции, порцелански ламинати, протетски супраструктури (конструкции) над импланти и мобилни протетски надоместоци.

Коронки и мостови

Познато е дека забите кои недостасуваат, забите кои се кариозно премногу оштетни или имаат скршена клиничка коронка (фрактура на дел од природниот заб), можат да се реконструираат со правење на единечни коронки или изработка на мостова конструкција, која во целост ќе ја возобнови функцијата и естетиката на забите.

Коронки се протетски конструкции кои целосно го опфаќаат и го заштитуваат препарираното забно ткиво при што се постигнува целосна функционална, фонетска и естетска рехабилитација. Преостанатиот дел од забот, зависно од степенот на негово оштетување, треба претходно соодветно да се подготви, пред да се прејде во техничката фаза на изработка. Тоа е клиничката фаза која често опфаќа конзервативна, пародонтална, или хируршка подготовка на соодветниот заб или корен.

Видови на коронки, класифицирани според материјалите за изработка:

  • Металкерамика – високо квалитетен германски порцелан нанесен на метална основна конструкција
  • Lithium Disilicat
  • Circonia CAD CAM-една од најдобрите австриски и светски брендови
    • Full contour
    • Cut back

Слика: пример на металкерамички висококвалитетен порцелан

 

Мостовите се протетски изработки (конструкции), кои се користат за надополнување на еден или повеќе изгубени заби. Тие ги премостуваат беззабите простори и ја обновуваат функцијата, користејќи ги преостанатите заби и правилно распределувајќи го џвакопротисокот врз нив.

Материјалите што се користат за изработка на овие конструкции се различни во зависност од условите и естетските побарувања на пациентите:

  • метал-керамичка мостова конструкција – се состои од метален скелет врз кој се наслојува керамиката (високо квалитетен германски порцелан) кој се изработува во заботехничка лабораторија
  • безметална керамика која е целосно керамичка конструкција и се изработува со специјализирани машини за компјутерски водено дизајнирање и изработка. Circonia – CAD CAM-една од најдобрите австриски и светски брендови
    • Full contour
    • Cut back

Протези

Протезите се протетски реконструктивни решенија. Кој вид на протетско решение ќе се употреби, зависи од анатомските услови на вилиците и од финансиската конструкција која е прифатлива за пациентот.

Тоа се најчесто мобилни конструкции кои се вадат за да може да се одржува соодветна хигиена на устата. Зависно од бројната состојба на забите и нивната биолошка вредност може да се класифицираат:

Парцијални класични мобилни протези – Се прикрепуваат на природните заби или претходно поставена мостова конструкција изработена врз природните преостанати заби со помош на ретенциски елементи (најчесто жичани кукици),

Скелетирана парцијална протеза е мобилна конструкција на протеза која се прикрекпува (ретинира) на природните заби врз кои е изработената мостова конструкција со специјална припрема на ретенциони лежишта. Изработена е од биокомпатибилен метал (визил протеза), кој дозволува редукција на големината на протезата, притоа не нарушувајќи ја нејзината стабилност и ретенција која е овозможена со ретенциони елементи, како леани кукици и копчиња-атечмени. Наречена е скелетирана затоа што скелетот е металот, а делот на забите е изработен од класичниот акрилат на кој се поставуваат истите. Овој тип на мобилни конструкции е многу полесно прифатлив за пациентите, а времето на адаптација е доста скратено. Естетски се вклопуваат со преостанатата конструкција и формираат функционална целина со дентогено и гингивално распределување на џвакопритисокот со што се заштитуваат преостанатите заби и коскени структури на вилиците.

Протетика над импланти

Протетска фаза – откако сме ги испочитувале и извеле сите претходни фази на хируршкиот протокол, се наоѓаме во фаза кога имаме интегриран имплант, соодвето тродимензионално позициониран, доволна количина на коска околу имплантот, како и соодветна дебелина на мекоткиво (кератинизирана гингива). Од овој момент следува прилично креативна фаза, која бара трпение, умешност, вештина и знаење.

Моментот на протетската рехабилитација, го валоризира и крунисува целиот претходно направен хируршки план, како и овозможува добивање на резултат со високи естетски и финкционални параметри, кои даваат долгорочна стабилност на сите структури околу имплантот, самиот имплант, а исто така овозможува висока естетска и функционална рехабилитација. Зависно од естетските очекувања и видот на конекцијата на имплантот со идната протетска изработка, оваа фаза може да биде многу кратка, при што се земаат неколку пати мерки со специјални алатки во неколку посети и потоа се изработува идната протетска изработка во забната техника.

 

Импланто протетската супраструктура кај пациент со парцијална (делумна) беззабост

Тука спаѓаат поединечни коронки или мостови. Може да бидат изработена од различни материјали, но она што прави значителна разлика е тоа дали протетската структура е цементирана или заштрафена за конекторот на имплантот (абатментот).

Предноста е секогаш на страната на штрафечките конструкции на имплантот и тоа од повеќе причини:

  • Лесна одржливост – кога и да имаме потреба да интервенираме на конструкцијата, имплантот или мекото ткиво, конструкцијата може да се одштрафи и повторно да се заштрафи кога ќе се заврши со интервенцијата.
  • Индивидуализирање на конекторите (абатментите) и давање соодветна поддршка на мекототкивната архитектоника, која дава висок и ултимативен естетски ефект, компаративно со готовите фабрикувани конектори (абатменти) кои не ја дават можноста за обликување на ткивото.
  • Висок степен на безбедност на анатомските структури околу имплантот, компаративно со цементирачките, каде секогаш постои голема опасност при цементирањето, да дел од цементот навлезе во длабоките анатомски структури околу имплантот и да предизвика сериозни проблеми па и загуба на имплантот.

Имплантопротетска рехабилитација кај пациенти со тотална беззабост

Овие пациенти во зависност од количината на коскената ресорбција на резидуалниот алвеоларен гребен (остаточна коска), имаат можност од протетска рехабилитација која може да се класифицира во следните групи:

  • Циркуларни (штрафечки или цементирачки) мостови на импланти
  • Хибридни тотални (акрилатни) протези – штрафечка тотална протеза.
    • All on 4 – имплант ретинирана и стабилизирана штрафечка протеза со метален трансалвеоларен скелет, поставена на 4 импланти (два аксијални и два коси).
    • All on 6 – имплант ретинирана и стабилизирана штрафечка протеза со метален трансалвеоларен скелет, поставена на 6 импланти.
  • Bar overdenture протеза ретинирана со метална прачка или шипка која е заштрафена за имплантот – два или повеќе импланти.
  • Локатор протеза – протеза која е директно ретинирана на имплантите со помош на локатор абатменти, за кој се потребни минимум од два импланти.

 

Целосни мобилни констукции – Тотални протези

Прикрепени на анатомските стуктури на вилиците за нивна ретенција и стабилизација. Изработени се најчесто од метил мет акрилат- материјал погоден за такви изработки. Исто така битен фактор во однос на овие конструкции се и претходно спомнатите копчиња за нивно прикрепување. Тие можат да бидат класични или современи системи за ретенција и стабилизација, со што се постигнува максимална функција и естетика.

*Пример за хибридна тотална протеза

* Пример на целосни мобилни констукции

Естетски ламинати

Ламинатите се тенки лушпи кои се поставуваат на забите кои имаат некаква аномалија. Тоа се однесува на несоодветна форма, неадекватна поставеност во забниот низ, променета боја, итн. 

Најдобрите ламинати се оние што ја имитираат природата. Специјализирани сме за насмевки кои секој ќе ги забележи, но нема да знае зошто. Совршен изглед, исто како природна насмевка. Ако имате заби кои изгледаат премногу мали, нерамни или имаат темни дамки, изборот на различните видови на ламинати можат да бидат одличен избор за вас.

  • Veneers се тенки порцелански лушпи кои се нанесуваат (цеметираат) на забите кои се минимално препарирани.
  • Lumineers се одликуваат со тоа што не бараат одземање на забна супстанца, односно се изработуваат без стругање, без болка и се целосно реверзибилни. Се изработуваат од безметална керамика (циркониум cut back-CAD/CAM) или безметална Li-дисиликатна керамика.
  • Естетско бондирање – композитни фасети – Оваа естетска интервенција на забите, овозможува директна апликација на високо квалитетен естетски композит преку површината на забите, најчесто во фронталната (предна) зона. Со тоа се овозможуваат корекции во формата, обликот и бојата на забите. Многу често оваа интервенција може да се комбинира и со корекција на линијата на насмевка, со цел за добивање на подобар естетски ефект. Во економски развиените земји, оваа интервенција се изведува како директен mockup, заради превизуелизација на евентуалниот облик, форма и боја на идните далеку поскапи и посложени протетски изработки како што се горе споменатите порцелански ламинати.
  • Componeers – композитни префабрикувани ламинати, кои како и порцеланските се цементираат за површината на забите. Се избира соодветна форма, облик и боја од сет на готови композитни лушпи, а потоа со специфична метода на композитно цементирање се лепат на забите кај кои треба да се направи естетската корекција.

Ламинатите се извонреден избор за решавање на аномалиите на забите во естетската зона. Зависно од индикацијата и потребата на пациентот може да се искористи техниката на превизуализација, преку земање на отпечатоци од забалото и изработка на студио модели врз кои во восок се изработува дизајнот на идната конструкција. Тие модели можат уште да се искористат и за изработка на привремени конструкции за визуализација на идната конструкција (ламинатите) во самата уста. Ова е наречена waxup-mockup техника за пациентите да можат да разберат што да очекуваат.

Откако ќе се постават ламинатите, неопходно е да се заштитат со цврст ноќен чувар.

* Приказ на waxup-mockup техника 

Фотографии пред и потоа

mk_MKMacedonian
Scroll to Top