Третман на Парадонтопатија
Еден од најчестите орални патологии кај пациентите е пародонтопатијата.Тоа е хронична инфективна болест на пародонталниот комплекс.
Состојба која води до акумулација на патогени наслаги ( бактериски ) на површината на забите и нивно штетно влијание (механичко,хемиско и токсично), најпрво на мекото ткиво (гингивата), а потоа и на подлабоките структури на пародонталниот комплекс како што се:
- оштетување на алвеоларната потпорна коска на забите,
- кинење на лигаментите кои го држат коренот за алвеоларната коска, како и
- некроза на цементот ( забната коренска маса).
Крајниот резултат е загуба на еден или повеќе заби, загуба на резидуалната алвеоларна коска, како и долгогодишно системско оптеретување на целиот имун систем и различни органски системи од штетното дејство на исклучително патогените бактерии и нивните токсини кои живеат во патогените наслаги во пародонталните џебови.
Најдобар третман е благовремена и навремена дијагностика и утврдување на точната батериска флора која доминира во пародонталните џебови. Во таа насока нудиме високо софистицирани ДНК молекуларни генетски испитувања, кои ни даваат информации за тоа во кој правец треба да се движи понатамошниот третман:
- Базичен пародонтален третман
- Напреден пародонтален третман
- Антибиотска терапија– локална или системска
- Ласер терапија
- Хируршка пародонтална терапија 1
- MIST- (Minimal Invasive Surgical Technique)
- Open flap surgery
- Regenerative surgery- биорегенеративни материјали -Alograft,Autograft,PRP,PRF,Emdogain
* Приказ на примена на хируршка парадонтална терапија – MIST