Oртодонција
Специјалистичка гранка во стоматологијата која има за цел да ги спречи,дијагностицира и третира денталните и орофацијални неправилности.
Неправилностите на забите и денталните лакови може да предизвикуваaт појава на нарушувања кои негативно ќе влијаат врз функционалноста и здравјето на забите и нивниот потпорен апарат,и дополнително доколку не се третираат на време, може да доведат до појава на различни дигестивни нарушувања,пародонтални заболувања,ТМЗ.
Ортодонтскиот третман може да биде успешен на било која возраст. Одредени проблематики во растот и развојот на забите и денталните лакови се временски зависни и тие најдобро може да се третираат на одредена возраст. Раната корекција на одредени малоклузии може да помогне да се избегне покомплициран третман во иднина.
Ортодонтските потреби за секој поединечен пациент се специфични. Без разлика дали ви е потребен сеопфатен третман,ран надзор или општи информации во врска со третманот,ние се стремиме да ви обезбедиме исклучителна грижа.
Со ортодонтски третман се третираат различни антеропостериорни неправилности,вертикални неправилности (отворен загриз,длабок загриз),неправилности на поединечни заби (ротација,инклинација,супрапозиција).
По ортодонтскиот третман,со правилно поставени заби поефикасно се извршуваат функциите на џвакање,голтање,говор и дишење. Дополнително се корегира и естетскиот изглед на пациентот со која се зголемува нивната самодовреба и доведува до нивен поповолен психосоматски развиток.
Денешните опции за ортодонтски третман нудат различни протези и апарати кои се удобни, естетски и приспособени за да ги задоволат вашите потреби.