Орално здравје и превентивна стоматологија

Редовни контролни прегледи

Oсновен (базичен) концепт на превентивната стоматологија е благовремено или рано детектирање на проблемот ( дијагностика ) и следствено на тоа одредување на план на терапија, која се базира на концептот на минимално инвазивна терапија. Овој концепт овозможува нашите пациенти да пројдат низ третман кој презервира (заштедува), во секоја смисла на зборот: третмани кои се пократки, кои се помалку непријатни, кои овозможуваат минимално одземање на забна маса- кај конзервативните третмани и кој на крај влијае на финансиската конструкција. Ваквите редовни контролни прегледи се закажуваат за секој пациент со индивидуализирана временска рамка во склад со индикациите и професионалната евалуација од нашиот лекарски тим.

Пациентите со протетски супраструктури се посебен фокус на нашиот тим во однос на одржувањето, особено на пародонталното здравје, кое пак е значајна категорија во дефинирањето на долговечноста на забите носачи а со тоа и на самата протетската изработка.

Постхируршките пациенти  во нашата поликлиника скоро облигаторно се ставени на посебен систем на мониторирање. Тоа подразбира редовни контролни прегледи во постхируршкиот период, понатака употреба на ласерска биостимулација, третмани со спектрална светлина за побрза регенерација на хируршката рана, како и употреба на медицински пасти и гелови за спречување на секундарни инфекции и убрзана мекоткивна регенерација. 

Професионално чистење на заби

Клучен сегмент во “плак контролата”, што е воведен метод за одржување на балансот на сапрофитните бактерии ( бактерии кои се нормални жители) во усната шуплина и оние кои се патогени ( бактерии кои предизвикуваат воспаленија). Воспаленијата од овие бактерии можат да бидат локални во усната шуплина ( гингивити, пародонтити, пулпити,сијалоаденити) или далечни на други органски системи ( ендокардити,гломерулонефрити, артрити).

Плак контролата опфаќа третман на ултразвучно чистење на забите и пародонталните џебови, професионално пескирање и полирање на забите со абразивни пасти со различна гранулација

Флуоропрофилактика и залевање на забни фисури кај деца

Mетод кој е особено значаен и ефикасен кај деца од предшколска возраст  и овозможува заштита од кариес и правилна минерализација на забната глеѓ.

 

***Овозможуваме закажување термини онлајн и со подсетник за пациентите кои во динамиката на секојдневното живеење, не можат да го паметат договорениот интервал на превентивни прегледи и третмани.

 
mk_MKMacedonian
Scroll to Top