Кариес и конзервативна стоматологија

Третманите кои ги применуваме во рамките на конзервативната стоматологија и при третман на кариес се:

А.  Нано композитни реконструктивни  материјали

Б. Забнотехнички изработки кои се цементираат на забот (Инлеи и Онлеи)

В. Безметални колчиња (fiber glass)

Г. Канално лекување (ендодонтска терапија)

 

Третман на кариес

 
А.  Нано композитни реконструктивни  материјали

овозможуваме:

  • ласерско одстранување на кариезното ткиво,
  • ласерски третман на длабок кариес – стерилизација
  • ласерска десензибилизација на осетливи вратни ерозии
  • врвни дентални материјали со максимална димензиона стабилност после полимеризацијата ( по осветлувањето) и
  • техники на апликација ( примена на денталните материјали ) кои овозможуваат максимален комфорт кај пациентите без постретманска осетливост, обезбедување на максимален функционален ефект при џвакањето, како и ултимативен естетски момент во реконструирањето на оштетеното забно ткиво. 

дентални реконструктивни техники:

  • инкрементална техника – 1206N load to fracture
  • bulk fill техникa –  1411N load to fractue
  • комбинирана техника – 1176N load to fracture
На сликите е прикажано реконструирање на морфолошките особености на оштетеното забно ткиво – обид функционално и естетски да се реконструира приодната морфологија на забот.
 
Претходна ситуација
По комплетирана композитна реконструкција
Б. Инлеи и Онлеи

Случаевите каде поголем ден од забната маса е оштетена и е ризична процедурата на композитна санација на дефектот, а сакаме да го решиме случајот без стругање на забот како би се ставила порценаска коронка, во такви ситуации се можни забнотехнички изработки кои се цементираат на забот (со композитни цементи) и се со огромна цврстина и отпорност на фрактура. Можат да бидат изработени од различни биокомпатибилни материјали ( фелдспад порцелан, литиум ди силикат или циркониум), зависно од индикацијата, која ја одредува особината која би била најсоодветна за дадениот материјал и случај ( естетска или функционално приоритетна индикација).

В. Безметални колчиња (fiber glass)

Стаклено композитни колчиња – претставува метод со кој се надополнува поголема количина на изгубена забна маса, се зајакнува видливиот дел на забот и се овозможува рамномерен пренос на силите на џвакопритисокот по целата должина на коренот и на коскената база.

Колчињата се цементираат во внимателно препарирано лежиште во забниот корен со високо квалитетни композитни цементи, кои пак овозможуваат јака хемиска врска помеѓу колчето и дентинот, сигурност, стабилност и моќност во функционалното оптеретување на забот.

 

Од друга страна квалитетот на колчињата кои ги користиме од еминентни светски брендови овозможуваат и соодветен еластицитет на надоградбата што го оневозможува моментот на надолжно фрактурирање на коренот на забот ( пукање), како што најчесто беше случај со конвенционалните метални и лиени колчиња и надорадби.

Г. Канално лекување (ендодонтска терапија)

Специјалност во стоматологијата на кое даваме посебно значение. Посветуваме и посебно внимание во едукацијата на нашите пациенти за значењето на оваа процедура, која може да превенира (спречи) непотребно вадење на голем број на заби, да превенира голем број на хируршки процедури на забните корени (апикотомии), како и да допринесе за зачувување на природните забни корени, наместо поставување на титаниумски имплантати. Долгорочно, ваквите процедури осигуруваат зачувување на целокупното општо здравје на пациентите, обезбедувајќи стерилен коренски канален систем, адекватно херметичко обтурирање (полнење) на истиот, на тој начин спречувајќи создавање на резервоар од исклучително патогени бактерии во истиот тој канален систем, кои делуваат и на околното коскено ткиво(коскена ресорбција), но и продор во крвната циркулација и нивна дисеминација низ целото тело.
Технолошките иновации во текот на третманот обезбедуваат целосна дигитална контрола за должината на коренскиот канал, машинска биомеханичка обработка, хемиска и ласерска стерилизација на контаминираните канали на заболените заби. Последната непомалку битна фаза, која ја крунисува ендодонтската терапија е каналното полнење или обтурацијата, обезбедувајќи го стерилен каналот и заштитувајќи го од продорот на нови бактерии.

Стандардизирани протоколи на канална обтурација:

  • латерална ладна кондензација
  • back fill- топла кондензација
  • thermafil – вертикална топла кондензација
 
Пример за thermafil топла кондензација

Комплетна коскена периапикална регенерација после соодветна канална терапија

Thermafil топла кондензација – комплетна пеиапикална коскена регенерација после соодветна канална терапија – исчезнување на гнојните кеси по две години. Пацент примен во 2012 година со два гнојни процеси. Во 2014 постигнуваме комплетна коскена регенерација и исчезнување на процесите во период од две години.

Thermafil топла кондензација – комплетна пеиапикална коскена регенерација после соодветна канална терапија – исчезнување на гнојните кеси по две години. Пацент примен во 2012 година со два гнојни процеси. Во 2014 постигнуваме комплетна коскена регенерација и исчезнување на процесите во период од две години.

Следува пример за канален третман во суво изолирано поле со кофердам гума – приказ на каналите (од страна десно од канално лекување кај кариес услуга)

Латерална ладна кондензација 

Приказ на букет од гутаперка колчиња при ладно кондензирање на коренските канали

 
mk_MKMacedonian
Scroll to Top