Естетика

Професионално избелување на забите

Метод на избелување со професионален гел во ординациски услови, кој треба да ја зачува интактна и неоштетена минералната кристална решетка на забната глеѓна маса, а притоа да продре во длабочината на дентинот и таму да предизвика хемиска реакција со која постигнуваме ефект на избелување на забите.

 

Покрај професионалното белење, нудиме и можност за домашно белење на забите, кој нуди  пациентот сам во домашни услови да ја води процедурата. Притоа ние изработуваме специјални силиконски трејеви со резервоари, кои се исполнуваат со гел за избелување кој е наменет за домашна употреба и е максимално безбеден и ефикасен.

Ламинатите се тенки лушпи кои се поставуваат на забите кои имаат некаква аномалија.

Тоа се однесува на несоодветна форма, неадекватна поставеност во забниот низ, променета боја… 

Најдобрите ламинати се оние што ја имитираат природата. Специјализирани сме за насмевки кои секој ќе ги забележи, но нема да знае зошто. Совршено, исто како природна насмевка. Ако имате заби кои изгледаат премногу мали, нерамни или имаат темни дамки, изборот на различните видови на ламинати можат да бидат одличен избор за вас.

  • Veneers се тенки порцелански лушпи кои се нанесуваат (цеметираат) на забите кои се минимално препарирани.
  • Lumineers се одликуваат со тоа што не бараат одземање на забна супстанца, односно се изработуваат без стругање, без болка и се целосно реверзибилни. Се изработуваат од безметална керамика (циркониум cut back-CAD/CAM) или безметална Li-дисиликатна керамика.
  • Естетско бондирање- композитни фасети- Оваа естетска интервенција на забите, овозможува директна апликација на високо квалитетен естетски композит преку површината на забите, најчесто во фронталната (предна) зона. Со тоа се овозможуваат корекции во формата, обликот и бојата на забите. Многу често оваа интервенција може да се комбинира и со корекција на линијата на насмевка, со цел за добивање на подобар естетски ефект. Во економски развиените земји, оваа интервенција се изведува како директен mockup, заради превизуелизација на евентуалниот облик, форма и боја на идните далеку поскапи и посложени протетски изработки како што се горе споменатите порцелански ламинати.
  • Componeers – композитни префабрикувани ламинати, кои како и порцеланските се цементираат за површината на забите. Се избира соодветна форма, облик и боја од сет на готови композитни лушпи, а потоа со специфична метода на композитно цементирање се лепат на забите кај кои треба да се направи естетската корекција.

Ламинатите се извонреден избор за решавање на аномалиите на забите во естетската зона. Зависно од индикацијата и потребата на пациентот може да се искористи техниката на превизуализација, преку земање на отпечатоци од забалото и изработка на студио модели врз кои во восок се изработува дизајнот на идната конструкција. Тие модели можат уште да се искористат и за изработка на привремени конструкции за визуализација на идната конструкција (ламинатите) во самата уста. Ова е наречена waxup-mockup техника за пациентите да можат да разберат што да очекуваат.

Откако ќе се постават ламинатите, неопходно е да се заштитат со цврст ноќен чувар.

 

Корекција на линија на насмевка

Интервенција на гингивата (непцето), најчесто околу вратовите на забите. Тоа подразбира одземање или од откројување на гингивата со цел да се вклопи во новиот дизајн на идната лицева естетика.

Интервенцијата се изведува во локална анестезија, со мекоткивен ласер или електрокаутер.

Пациенти кои најчесто имаат потреба од ваков тип на интервенција се:

  • пациенти со висока линија на насмевка, кои што ја  експонираат гингивата  над забите при смеење (gummy smile)
  • пациенти кај кои непцето е спуштено преку забите и ја покрива коронарната површина
  • пациенти кај кои е планирана целосна естетска и функционална реконструкција, па старата гингивална архитектоника не се вклопува со новиот планиран дигитален дизајн на насмевката (digital smile design- DSD)
mk_MKMacedonian
Scroll to Top