Орална хирургија
Оралната хирургија претставува комплексна стоматолошка гранка која опфаќа широк спектар на патологија, вродени или стекнати состојби.
Во продолжение ќе дознаете за различните видови на интервенции во зависност од дијагнозата / потребата.
Хируршки третман на импактирани заби, Апикотомија/Цистектомија, поставување на коскени и мекоткивни графтови, гингивектомија, итн.
Нашето долгогодишно интернационално искуство и експертиза од оваа област кај пациентите ги имплементира и користи сите предности на најголемиот број на современи процедури во секојдневната орално хируршка пракса, а со цел на постигнување на максимален ефект и корист за пациентите.
Хируршки третман на импактирани заби
Прилично честа интервенција кај пациенти кај кои нема доволно простор за сместување на сите заби во забниот низ. Причините за тоа зошто забите не можат да никнат можат да бидат мултифакторијални, но најчеста причина е диспропорција во соодносот на големината на алвеоларниот гребен со големината на забите.
Третите молари или уште познати како умници се најчести заби кои не можат да никнат. Тие се создаваат најдоцна и последни добиваат импулс за раст. Поради различните позиции во кои можат да бидат поставени во коската, облигаторно е да се направи минимум ортопантомограм (панорамска снимка), а некогаш кога има специфична поставеност и ризичен сооднос со соседни анатомски структури, потребно е и тродимензионално снимање (CBCT). После евалуацијата на клиничкиот преглед и рентген снимките се поставува дијагноза и се прави план на терапија.
Оперкулотомија – Некогаш е доволно да се ослободи простор околу неизникнатиот (импактиран) или полуизникнатиот (полуимпактиран) заб , процедура позната како оперкулотомија. Со оваа процедура се одстранува мекоткивниот капак преку забната коронка и се ослободува притисокот од забот, а воедно се спречува појава на сериозни перикоронарни инфекции, кои знаат да имаат и драматичен тек. Процедурата се изведува во локална анестезија со помош на електокаутер или ласер. Оваа технологија овозможува контрола на крварење (хемостаза), брзо и стерилно изведување на интервенцијата, како и брз регенеративен процес (заздравување).
Котикотомија – Во други ситуации е потребно да се направи коскен канал со кој се олеснува никнувањето на импактираниот заб. Процедура позната како кортикотомија. Со оваа процедура се ослободува пат за никнење на забот, кој претходно преку анализите е испланиран да остане во забниот низ и да не се екстрахира (вади). Многу често овие процедури се изведуваат кај импактирани канини (очници) во горната вилица. Кај овие заби кои се исклучително значајни од повеќе причини, често се пристапува во комбинирана ортодонтско-хируршка терапија, со цел да се помогне во ерупцијата (никнењето), и неговото правилно позиционирање во забниот низ.
Хируршка екстракција – Честа ситуација е кога се носи индикација и одлика за хируршко вадење на импактираните или полуимпактираните заби. Процедурата се изведува како што веќе спомнавме по претходна дијагностичка процедура, каде се утврдува и соодветна хируршка терапија. Во стерилни услови и по соодветна антисептична процедура на автоклавирање и припрема на хируршката сала и на самиот пациент, се ординира локална анестезија и се пристапува по претходно одредениот хируршки план на екстракција. По завршената интервенција, пациентот добива совет, постоперативно упатство и соодветна терапија за менаџирање на постоперативната болка и оток. Во иста насока, кај некои поспецифични екстракции, пациентот ласерски се третира во постоперативниот период во траење и до една недела.
PRP/PRF
Иновативна биолошка технологија со која се добива дериват/и од крвта на самиот пациент, пред почетокот на хируршката интервенција. Со посебно припремена лабораторија во нашата поликлиника се обработува крвта на пациентот, додека трае хируршката интервенција.
Од крвта се добиваат продукти како:
- PRP (platelet rich plasma),
- PRF (platelet rich fibrin)
- PPP (platelet poor plasma)
- Sticky bone
Овие деривати имаат различна концентрација на тромбоцитни клетки и фактори на раст (growth factors) и во склад со тоа што е потребно за дадената интервенција, се изработуваат различните деривати. Потоа ти се аплицираат во хируршката рана со која се овозможува нејзино побрзо и оптимизирано заздравување, антиинфламаторен ефект, подобар процес на создавање на нова коска, стабилен крвен коагулум или фибрин. Исто е забележано смалување на постоперативната болка и реактивниот оток.
Оваа биолошка технологија има широк дијапазон на индикации и може да се комбинира кај различни видови на хируршки процедури како основен или помошен метод во регенеративната фаза од оперативните зафати.
Апикотомија/Цистектомија
Хируршка процедура со која се овозможува пристап до патолошки изменетите ткива во самата коска на вилицата, нивно отстранување и овозможување на оптимизирано заздравување на коскениот дефект, кој самата промена го има предизвикано.
Апикотомија – одстранување на патолошките лезија (гранулом) околу врвовите на корените. Во ерата на современи методи на канална терапија (ендодонција), оваа метода ја губи својата популарност и издржаност, бидејќи најчесто со адекватна биомеханичка инструметација, дезинфекција, стерилизација и обтурација на коренските канали како бактериски резервоари и причинители за ширењето на инфекцијата преку врвот на коренот, организмот успева сам да ја добие битката со резидуалните ( остаточни бактерии) и да обезбеди целосна регенерација (restitutio ad integrum). Но, во некои ситуации за жал не е возможно да се направи соодветна канална обработка и неутрализација на тие бактерии кои живеат во каналот. Тоа се најчесто случаеви на стари и несоодветни канални полнења кои не дозволуваат ендодонтска ревизија, понатаму леани метални колчиња (надоградби), кои се зацементирани во широко испрепариран канал, па постои можност од фрактура или оштетување на коренот. Во такви ситуации се изведува посочената интервенција, која е надгардена со современа апаратура за минимално инвазивен пристап, полесна визуелизација, како и можност за ретроградно полнење (полнење на примарно ненаполнетиот канал преку ресекцираниот врв на коренот)
* Приказ на постапката на апикотомија (приказ на комплетна коскена регенерација) – хируршко отстранување на гнојна кеса, ресекција на оштетениот дел на коренот и ретроградно полнење.
Цистектомија – хируршко отстранување на цистични промени. Според литературната класификација, постојат различни типови на цисти. Тие водат различно потекло и генеза на создавање. Секако, дијагностиката е најважна категорија во детерминирање на типот на цистата и врз основа на тоа носење на соодветен план на терапија. Во некои ретки случаеви, неможе да се диференцира типот на цистата пред оперативно и во такви случаеви одстранетата цистична промена се праќа на дополнителна цитохистолошка евалуација за да се утврди. Нашата поликлиника нуди можност за современа дијагностика и хируршки третман на најголем дел од цистичните промени, кои можат да се отстранат во амбулантски услови.
* Приказ на третман на циста – канално полнење, отстранување на трауматска циста од спортска повреда, пополнување на шуплината со коскен супституент
Коскени и мекоткивни графтови
Област од оралната хирургијата која е од посебен интерес во нашата поликлиника.
Базирана на долгогодишно интернационално искуство и експертиза од оваа област, нашиот професионалниот тим, кај пациентите ги имплементира и користи сите предности на најголемиот број на аугменативни процедури во секојдневната орално хируршка пракса, а со цел на постигнување на максимален ефект и користење на целокупниот бенефит од оваа регенеративна гранка.
Коскените супституенти (графтови) се наменети за презервирање, регенерирање или надоградување на коскени дефекти на алвеоларнaта коска кај пациентите.
- Презервирање на алвеола (socket preservation)– процедура која се изведува непосредно после ексракцијата ( вадење на забот ). Алвеолата се обработува и припрема, а потоа се поставува коскен супституент, кој ја сочувува преостанатата коска од она што се нарекува физиолошка ремоделација ( реобликување) на гребенот. Овој процес на ремоделација предизивикува хоризонтална и вертикална загуба на алвеоларната коска дури и до 50% од нејзиниот волумен.
- Хоризонтална и вертикална коскена аугментација– процедура која користи различни видови на техники на апликација на коскените супституенти (GBR, sausage technique), со цел да се надополни дефект или да се регенерира недостаточна коска
- Sinus lift – подигнување на синусна мембрана– процедура која се изведува во горната вилица во бочната регија, каде се извадени забите пред извесен временски период. Како резултат на тоа, доаѓа до коскена ремоделација, која ја споменавме дкако физиолошки процес после вадењето на забите. Од друга страна максиларниот синус се спушта и ја пнеуматизира коската. Резултатот е недостаток на доволна количина на коска за да се соодветно позиционираат забните импланти. Затоа се изведува оваа процедура со цел да се подигне синусната мембрана и да се постави коскен супституент, со цел да создадеме доволна количина на коска- реципиент на имплантот.
Методи:
- Затворен синус лифт –“densah versah” метода
- Отворен синус лифт
Мекоткивните графтови се користат доста често во повеќе области во стоматологијата:
- покривање на вратни рецесии ( соголени коренски вратови)
- подобрување на квалитетот на кератинизирана гингива околу импланти
- предпротетска припрема и компензирање на коскени дефекти
- socket seal – препокривање на постекстракционата алвеола (после вадење)
- подобрување на квалитетот на кератинизирана гингива кај пародонтални дефекти
Овие интервенции се изведуваат рутински и секаде каде има индикација за тоа. Златен стандард е земање на меко ткиво од самиот пациент (автографт) најчесто од зоната на палатумот или tuber maxillae (зона во близина на третиот молар), но можни се и вградување на ксенографтови (купечки колагени графтови).
* Следи приказ на употреба на мекоткивни графтови – пример на препокривање на експонирани делови од коренот на забот, враќање на припојот на повлечената гингива на местото каде што претходно била.
* Следи приказ на претпротетска мекоткивна хирургија – хронолошки приказ на пополнување на коскен дефект под стар мост и изработка на нов мост после мекоткивната хирургија
* Следи приказ на подобрување на квалитетот на кератинизирана гингива кај пародонтални дефекти
Гингивектомија/ Гингивопластика-корекција на линија на насмевка
Интервенција на гингивата (непцето), најчесто околу вратовите на забите. Тоа подразбира одземање или од откројување на гингивата со цел да се вклопи во новиот дизајн на идната лицева естетика.
Интервенцијата се изведува во локална анестезија, со мекоткивен ласер или електрокаутер.
Пациенти кои најчесто имаат потреба од ваков тип на интервенција се:
- пациенти со висока линија на насмевка, кои што ја експонираат гингивата над забите при смеење ( gummy smile )
- пациенти кај кои непцето е спуштено преку забите и ја покрива коронарната површина
- пациенти кај кои е планирана целосна естетска и функционална реконструкција, па старата гингивална архитектоника не се вклопува со новиот планиран дигитален дизајн на насмевката (digital smile design- DSD )
Пародонтална хирургија
Ова е еден од начините за третман на пародонталната инфективна болест
- Хируршка пародонтална терапија
- MIST- (Minimal Invasive Surgical Technique)
- Open flap surgery
- Regenerative surgery- биорегенеративни материјали -Alograft,Autograft,PRP,PRF,Emdogain
Секој од овие методи имаат една цел, а тоа е хируршки дебридман или отстранување на патолошки изменетото ткиво од сите ѕидови на пародонталните џебови, хемиски третман и деконтаминација на коренските површини, апликација на локален антибиотик следствено на ласерска стерилизација на претходно бактериски контаминираните површини и на крај обезбедување на нов мекоткивен припој на гингивата со коренската површина.
Во одредени случаи, каде по претходната евалуација на пародонталните дефекти се утврди можност, се изведува и дополнителна регенеративна фаза од пародонталната хирургија, со која се вградуваат коскени супституенти, фактори на раст и хормони ( Emdogain- enamel matrix derivate), а со цел не само да добиеме нов мекоткивен припој, туку и да регенерираме интракоскени дефекти настанати при пародонталната болест.
* Приказ на примена на хируршка парадонтална терапија – MIST